Турција

„Освен на земјите гаранти, несоодветни се изјавите на другите земји за Источниот Медитеран“

„Или ресурсите ќе бидат праведено поделени и ќе се најде заедничко решение, или пак, ние како Турција ќе продолжиме да ги браниме правата на Турската Република Северен Кипар“, истакна турскиот министер

Ekipa   | 10.07.2019
„Освен на земјите гаранти, несоодветни се изјавите на другите земји за Источниот Медитеран“

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека освен на земјите гаранти, целосно се несоодветни изјавите на другите земји во врска со прашањето на Кипар и Источен Медитеран, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу одржа прес-конферанција во Министерството за надворешни работи во Анкара, каде што говореше за дупчењата (сондажите) што ги реализира Турција.

„Ниту една земја или меѓународна организација нема право да коментира во врска со ова прашање. Турција сама одлучува што сака да прави и што може да прави во оваа насока“, рече Чавушоглу.

Тој подвлече дека чекорите што ги прави неговата земја во оваа насока, секогаш ги прави во согласност со меѓународното право, додавајќи дека Турција ќе ги продолжи своите активности за дупчење во Источниот Медитеран.

„Претходно со „Барбарос Хајретин-паша“ вршевме сеизмички истражувања, а сега по нашиот брод „Фатих“, и бродот „Јавуз“ замина во подрачјето каде што ќе спроведува дупчења“, нагласи тој.

Шефот на турската дипломатија истакна дека освен на земјите гаранти, целосно се несоодветни изјавите на другите земји во врска со прашањето на Кипар и Источен Медитеран.

„Или ресурсите ќе бидат праведено поделени и ќе се најде заедничко решение, или пак, ние како Турција ќе продолжиме да ги браниме правата на Турската Република Северен Кипар“, рече министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, нагласувајќи дека чекорите кои Европската Унија (ЕУ) ги прави против нив не се корисни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın