Турција

„Операцијата во северна Сирија е наше право што произлегува од меѓународното право“

„Нашата единствена цел се терористите, на тој начин ќе придонесеме кон сирискиот територијален интегритет“

Büşra Nur Bilgiç   | 09.10.2019
„Операцијата во северна Сирија е наше право што произлегува од меѓународното право“

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека планираната операција на Турција во северниот дел на Сирија, е во рамките на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).

„Нашата единствена цел се терористите, на тој начин ќе придонесеме кон сирискиот територијален интегритет“, изјави Чавушголу по состанокот со неговиот алжирски колега Сабри Букадум.

„За жал, постои терористичка организација во североисточна Сирија. Тоа е сериозна закана за нашата земја“, истакна високиот турски дипломат. 

„САД им дадоа оружје, a ние ги уапсиме во Турција, затоа што терористичките организации во северниот дел на Сирија и во Турција се исти“, додаде тој.

Тој рече дека главна цел на ЈПГ/ПКК е да ја подели Сирија.

„Ние го поддржуваме сирискиот територијален интегритет. Поради таа причина, одлучивме таму да започнеме операција“, додаде тој.

„Кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тие ќе се повлечат од Сирија и дека сакаат таму заеднички да создадеме безбедносна зона, започнавме со преговори“, изјави Чавушоглу.

„Но нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган сметаше дека тоа не е ништо друго освен процес на застој и му рече на американскиот претседател дека Турција ќе ја изврши операцијата сама. Истакна дека Турција ќе ги информира сите засегнати страни во врска со оперцијата, вклучувајќи ги Сирија и ОН“, додаде Чавушоглу.

„Ова ќе биде важна операција за нашата стабилност и безбедност на регионот“, нагласи турскиот министер.

„Мигрантите во Турција и регионот ќе бидат во можност да се вратат во Сирија безбедно и доброволно“, додаде тој.

Чавушоглу за време на неговата посета на Алжир се состана и со премиерот Нуредин Бедуи. 

„Имавме плоден состанок со премиерот Нуредин Бедуи. Ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите економски и трговски односи со Алжир, нашиот втор најголем трговски партнер во Африка“, напиша Чавушоглу на Твитер.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın