Турција

„Ги повикуваме САД да избегнат погрешни чекори кои ќе им наштетат на односите“

„Јасни се условите кои ја доведоа Турција да се снабдува со S-400“, рече Аксој, додавајќи дека Трамп го потврдил тоа за време на самитот Г-20 и дека отворено нагласил оти Турција не е праведно третирана

Tuğrul Çam   | 10.07.2019
„Ги повикуваме САД да избегнат погрешни чекори кои ќе им наштетат на односите“

АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, во врска со изјавата на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД), Морган Ортагус, за снабдувањето на Турција со „S-400“, рече: „Ја повикуваме американската страна да избегне да направи погрешни чекори што ќе им наштетат на односите, исклучувајќи ја дипломатијата и дијалогот“, јавува Аnadolu Agency (AA).

Во врска со прашањето околу вчерашната изјава на Ортагус за снабдувањето на Турција со воздушниот одбранбен систем „S-400“, Аксој рече дека оваа изјава не е во согласност со содржината и духот на средбата релизирана за време на самитот Г-20 меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Јасни се условите кои ја доведоа Турција да се снабдува со S-400“, рече Аксој, додавајќи дека Трамп го потврдил тоа за време на самитот Г-20 и дека отворено нагласил оти Турција не е праведно третирана.

„Од самиот почеток на овој процес, ние транспарентно го водевме ова прашање. Предложивме да се формира техничка работна група во која би можело да се вклучи и НАТО, со цел да се отстранат загриженостите на САД во врска со тоа дека системот „S-400“ ќе им наштети на системите „Ф-35“, но сè уште не добивме одговор за оваа наша понуда. Ја повикуваме американската страна да избегне да направи погрешни чекори кои ќе им наштетат на односите, исклучувајќи ја дипломатијата и дијалогот“, нагласи Аксој, портпаролот на турското Министерство за надворешни работи.

Инаку, Ортагус истакна дека тие како министерство не го смениле нивниот став во врска со купувањето на системите „S-400“ од страна на Турција, и во врска со можните санкции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın