Турција

„Верувам дека Судан треба да покрене нормален демократски процес"

„Наша желба е Судан во една братска атмосфера успешно да ја заврши оваа работа и верувам дека треба да влезе во покренување нормален демократски процес", порача Ердоган.

Duygu Yener   | 11.04.2019
„Верувам дека Судан треба да покрене нормален демократски процес"

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека неговата земја има историски врски со Судан и дека верува дека таа земја треба да покрене нормален демократски процес, јавува Anadolu Agency (AA). 

Ердоган ги коментираше случувањата во Судан каде војската денес ја презеде контролата над институциите на таа земја.

„Судан е земја со која имаме силни историски односи. Нашата определба е секако таквите односи да продолжат. Наша желба е Судан во братска атмосфера успешно да ја заврши оваа работа и верувам дека треба да се влезе во покренување нормален демократски процес", порача Ердоган.

Министерот за одбрана на Судан, Авад бин Авф, соопшти дека Армијата ја презеде контролата врз власта и дека е започнат двегодишен транзициски период.

Абф изјави дека Врховниот воен совет ја презеде контролата врз власта, и дека претседателот на државата, Омар ал Башир, е приведен. Тој нагласи дека е суспендирана работата на Уставот и дека се распуштени Владата, Собранието и провинциските власти.

Според него, започнат е двегодишен транзициски период.

Aвф истакна дека е прогласена тримесечна вонредна состојба во земјата и дека е донесена забрана за излегување на улица по 19:00 часот низ земјата во рок од еден месец.

Суданскиот министер за одбрана рече дека на крајот на транзицискиот период ќе се одржат избори и вети дека ќе создадат соодветна средина, со цел власта да се предаде на мирен начин.

Во Судан од 19 декември 2018 година се одржуваат протести против поскапувањата во земјата, со барања за оставка од функција на претседателот на државата, Омар ал Башир.

Суданската војска изутрина ги опколи значајните државни институции и почна да ги приведува лидерите на владејачката партија Национален конгрес.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın