Турција

„Американци, доколку верувате дека ФЕТО е проблем само на Турција, тогаш сте грешка“

„Оваа злонамерна организација е и ваш голем проблем откако таа ги присвојува даноците што ги плаќаат американските даночни обврзници. Внимавајте, тие се секаде!“

Özcan Yıldırım   | 22.09.2019
„Американци, доколку верувате дека ФЕТО е проблем само на Турција, тогаш сте грешка“

АНКАРА (АА) - Шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, истакна дека доколку Американците веруваат дека терористичката организација ФЕТО е проблем само на Турција, тогаш грешат, пренесува Anadolu Agency (AA).

Алтун на Твитер објави видеоснимка на англиски јазик, во која укажа на опасноста што ја претставува ФЕТО за американската јавност.

Тој нагласи дека ФЕТО претставува закана за целиот свет, и дека ФЕТО во Соединетите Американски Држави (САД) продолжува да реализира мрачни активности преку своите чартер училишта каде што се префрлаат даноците на американскиот народ, како и преку илегални начини со кои го манипулира системот во земјата.

„Драги Американци! Доколку верувате дека ФЕТО е проблем само на Турција, тогаш сте грешка. Оваа злонамерна организација е и ваш голем проблем откако таа ги присвојува даноците што ги плаќаат американските даночни обврзници. Внимавајте, тие се секаде!“, вели Алтун во ова видео.

- „Челникот на ФЕТО, Ѓулен, води една демонска мрежа“ -

Во ова видео се истакнува дека челникот на ФЕТО, кој е одлучен да го уништи светот со цел да ја реализира својата злонамерна политичка агенда, живее во Пенсилванија, САД, и дека контролира една демонска мрежа која се наоѓа во целиот свет и е вмешана во криминал.

Исто така, се потсетува дека ФЕТО на 15 јули во 2016 година изврши обид за државен удар во Турција, во кој загинаа цивили, го бомбардираше Парламентот и изврши обид за атентат врз претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. 

Се истакнува дека злонамерните активности на оваа терористичка организација не се ограничени само во Турција.

Во видеото објавено на твитер-профилот на Алтун се нагласува дека мрежата на ФЕТО во САД е уште повлијателна од познатото, и дека ФЕТО на политичарите во САД им дава мито, и преку овој поредок на корупција, оваа организација добива поддршка. 

Во видеото се објавени примери од вестите објавени на американските медиуми во врска со илегалните активности на ФЕТО и нејзиниот челник Ѓулен, и се привлекува внимание дека оваа терористичка организација отвора училишта во САД како важна метода за заработување пари.

Се вели дека ФЕТО во САД поседува околу 200 училишта, каде што студираат вкупно 60.000 лица, и дека припадниците на оваа организација преку системот на чартер училишта, вршат илегални трансакции на пари и измамнички активности.

Во видеото се поставува прашање до граѓаните на САД: „Дали ова е начинот на кој сакате да видите дека се трошат вашите даноци?“. 

- „Заканата е поблиску отколку што мислите“ -

Се нагласува дека овие училишта на ФЕТО се озлогласени по индоктринација на радикални мислења и дискриминација меѓу студентите.

Во видеото се потенцира дека ФЕТО е тајна структура со две лица, од која од една страна се забележува дека наводно го поддржува образованието, додека од друга страна има мрачно лице. 

Се истакнува дека ФЕТО е многу искусна во манипулирање со системот.

„Тие ја кријат нивната вистинска агенда. Не се залажувајте. Не дозволувајте да се финансира една криминална организација преку фондовите на американските даночни обврзници. Сметајте ги како одговорни луѓето што ги штитат нив. Опасноста е вистина. Заканата е поблиску отколку што мислите. Внимавајте, тие се секаде“, се додава во видеото.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın