Турција

Шумите Лонгоз во Инеада се вистински празник за очи

- Поплавените (Лонгоз) шуми, составени главно од букови и дабови дрвја, благодарение на вака формираните езера кои ретко се среќаваат во светот, ги импресионираат посетителите со чистиот воздух и извонредната глетка што ја нудат

Özgün Tiran   | 11.06.2019
Шумите Лонгоз во Инеада се вистински празник за очи

КИРКЛАРЕЛИ

Во Киркларели се наоѓаат најголемите Поплавени (Лонгоз) шуми, составени главно од букови и дабови дрвја, кои, благодарение на ваква формираните езера, ретко се среќаваат во светот, и ги импресионираат посетителите со чистиот водух и извонредна глетка што ја нудат.

Шумите Лонгоз се оддалечени 100 километри од Киркларели, 165 од Едрене и 250 километри од Истанбул и во секое годишно време имаат поинаква убавина.

Овие шуми се домаќини на различни видови птици, риби и дрвја, различни видови папрат, а покрај лотосовите цветови, во нив можете да наидете и на ендемските видови цвеќиња како што се белоцветникот (Leucojum aestivum) и розовиот чадор штит (Butomus umbellatus).

Шумите Лонгоз се простираат на површина од околу 2.500 декари земја. На овој простор има четири езера, паркови за прошетка, пешачки патеки, и со својата животинска популација и природна убавина, во пролетните и летните периоди ги привлекуваат посетителите со својата природа, обоена во спектар од зелена боја.

Природата во која зелените тонови се испреплетени меѓусебно, особено благодарение на цветовите на розовиот чадор штит и лотосовите цветови, нуди фасцинантна глетка за посетителите на шумите Лонгоз. Овие шуми, во кои на едно место се собрани екосистемите на морето, езерата, песочните дини и шумите, се вистински визуелен празник за посетителите.

На просторот каде што езерата и реките се сливаат со морето, шумите Лонгоз се домаќини на голем број видови птици, создавајќи прекрасна глетка која ги фасцинира посетителите.

Шетајќи се со кану по езерото Мерт можете одблизу да ја видите богатата флора. Веслајќи меѓу дрвјата, оние кои ќе навлезат во длабочините на шумите Лонгоз, можат да уживаат во глетката на рефлексијата на налегнатите дрвја над езерските води и да ја спознаат убавината на голем број растителни видови.

Чистиот воздух и природната средина што ги нудат шумите Лонгоз на посетителите им даваат мир и спокој. Тие се домаќини на 544 видови растенија, 46 видови животни, 25 видови влекачи, 50 видови цицачи, 30 видови слатководни риби, 20 видови морски риби и 219 видови птици.

Имате можност да уживате во глетката на овие несекојдневни шуми, од зеленилото на дрвјата кои им се спротивставуваат на климатските услови, до пејзажите во кои се соединуваат дневното црвенило, небесното синило и чистата белина на облаците, измешани во боите на виножитото, создавајќи уникатна слика и вистински визуелен празник за посетителите.


- „Убавина на која ѝ нема рамен во светот“

Гувернерот на Киркларели, Осман Билгин, за АА изјави дека шумите Лонгоз во Инеада се најголемата шума со претежно букови и дабови дрвја во Турција и Европа.

Гувернерот Билгин истакна дека шумите Лонгоз имаат поинаква убавина во секое годишно време, повикувајќи ги луѓето да ги посетат и да уживаат во несекојдневниот пејзаж.

Во лето, шумите Лонгоз се карактеризираат со својата зелена боја, во есен настанува вистинска експлозија на бои, во зима шумата е облечена во несвестинско бело, додека во пролет целиот простор е обоен во спектарот на виножитото и ги воодушевува сите што ги посетиле и имале можност да уживаат во тие уникатни глетки.

Раскажувајќи дека шумите Лонгоз се едно од ретките места во светот кои вредат да се посетат, гувернерот Билгин продолжи со зборовите „Убавина на која ѝ нема рамен во светот. Вреди да се доживее средбата на езерата од шумите Лонгоз со морето, песните на птиците, зеленилото на природата. Убавината на овие шуми ќе може да се почувствува откако сето тоа ќе се доживее.“

Истакнувајќи дека шумите Лонгоз се едно од ретките места во светот кои вредат да се посетат, Билгин информираше за големиот број проекти за заштита и унапредување на природниот резерват и ги покани туристите да го посетат ова место: „Се градат куполи за надгледување птици и се уредува околината на шумите Лонгоз. Патеки за прошетка, простор за одмор и места за чај. Се разбира, сето тоа ќе биде во согласност со стандардите да не се наруши природата. Вложуваме напори на посетителите да им овозможиме подобри услови и можности при посетата на шумите Лонгоз.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.