Турција

Шефот на турската делегација: „САД се многу позитивни за договорот за Ф-16“

„Во време кога надворешниот негативен ефект што се појави со украинско-руската војна, односно, во регионалните конфликти, ја покрива цела Европа, се појави виталната важност од можноста на Турција да преземе иницијатива“

Hakan Çopur, Dildar Baykan Atalay   | 14.05.2022
Шефот на турската делегација: „САД се многу позитивни за договорот за Ф-16“

ВАШИНГТОН (АА) – Челникот на турската делегација, која моментално е во посета на Вашингтон, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се многу позитивни во врска со договорот за авионите Ф-16, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ние споделивме со нив како зајакнувањето на одбранбената индустрија на Турција исто така ќе го поддржи НАТО, колку брзо може да го поддржи регионалниот и глобалниот мир и секогаш гледавме позитивен став од нив“, истакна Ефкан Ала, заменик-претседател на Партијата за правда и развој (АК) и шеф за надворешни работи на прес-конференција, оценувајќи ги нивните контакти реализирани во американскиот Конгрес.

За време на разговорите со американските колеги, Ала рече дека атмосферата во однос на турско-американските односи е многу позитивна, особено по конструктивната улога на Турција во руско-украинската војна.

Ала истакна дека имале опсежни и продуктивни состаноци со 24 членови на американскиот Конгрес, од кои некои биле сенатори, нагласувајќи дека имале многу продуктивна размена на идеи за многу теми од корист за двете земји.

Рече дека ставот на Анкара за теснеците го ценат и членовите на Конгресот.

Ала истакна дека политичките, економските и одбранбените прашања меѓу двете земји се решаваат во позитивна атмосфера, додавајќи дека делегацијата забележала конструктивна атмосфера за решавање на проблемите во билатералните односи.

„Во време кога надворешниот негативен ефект што се појави со украинско-руската војна, односно, во регионалните конфликти, ја покрива цела Европа, се појави виталната важност од можноста на Турција да преземе иницијатива“, рече тој.

Челникот на делегацијата исто така истакна дека верува дека евентуалните проблеми на кои може да наидат во овој процес можат да бидат надминати со искористување на политичките и дипломатските капацитети на двете земји.

- Договорот за авионите Ф-16 -

Договорот вреден речиси 6 милијарди долари ќе вклучува продажба на 40 новонаправени воени авиони од типот Ф-16В и сетови за модернизација за 80 модели Ф-16 Ц/Д што ги имаат во својот инвентар Турските воздухопловни сили.

Турската влада ги побара Ф-16 и сетовите за модернизација во октомври 2021 година, а турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 8 април изјави дека разговорите напредуваат позитивно.

Наз Дуракоглу, високa претставничка на Стејт департментот за законодавни прашања, минатиот месец во писмо до конгресменот Френк Палоне ги спомена тековните тензии околу дополнителната продажба на оружје на Турција, но нагласи дека санкциите и отстранувањето на Турција од програмата за борбените авиони Ф-35 претставува „значителна цена платена“ за купувањето на рускиот противракетен одбранбен систем С-400.

На почетокот на мај, во некои американски медиуми се појавија тврдења дека неколку пратеници го поддржуваат договорот.

Турција плати 1,4 милијарди долари за воените авиони, но Вашингтон ја тргна Анкара од програмата во 2019 година поради тоа што Турција го купи рускиот одбранбен систем С-400 откако нејзините напори за купување на американските ракети Патриот беа одбиени.

САД тврдеа дека рускиот систем претставува безбедносен ризик, но Турција нагласуваше дека С-400 нема да претставува закана за НАТО или неговото вооружување бидејќи нема да биде интегриран во системите на Алијансата.

Анкара, исто така, предложи формирање комисија за решавање на проблемот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.