Турција

Шентоп: „Дводржавното решение е единствената опција за Кипар“

- „Јасно е дека моделот на федерацијата, за кој се преговараше повеќе од 50 години, не можеше да го реши кипарското прашање поради менталитетот на страната на кипарските Грци: 'Јас сум единствениот сопственик на островот'“

Muhammet Emin Avundukluoğlu   | 04.03.2021
Шентоп: „Дводржавното решение е единствената опција за Кипар“

АНКАРА

Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, изјави дека трајно решение за кипарското прашање е можно единствено преку постоење на две држави, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Јасно е дека моделот на федерацијата, за кој се преговараше повеќе од 50 години, не можеше да го реши кипарското прашање поради менталитетот на страната на кипарските Грци: 'Јас сум единствениот сопственик на островот'“, изјави Шентоп на состанокот со премиерот на Турската Република Северен Кипар, Ерсан Санер во Парламентот.

„На островот живеат два различни народи, два различни демократски уредувања и две различни држави. Решението е можно само со пристап заснован на овие факти“, додаде Шентоп.

Тој нагласи дека Турција ја поддржува визијата на кипарските Турци за дводржавно решение кое се заснова на суверена еднаквост.

Изјави дека меѓународната заедница треба да ја почитува волјата на кипарските Турци.

„Турција ќе продолжи да оди по истиот пат со кипарските Турци“, додаде Шентоп.

Островот Кипар е поделен на Турската Република Северен Кипар на север и администрацијата на кипарските Грци на југ од 1974 година, кога беше изведен државен удар од страна на кипарските Грци за грчка анексија на островот проследен со насилство врз Турците кои живеат на островот, што повлече интервенција на Анкара како земја-гарант.

Во последните години имаше мировен процес и неуспешна иницијатива во 2017 година во Швајцарија, под покровителство на земјите гаранти Турција, Грција и Велика Британија. Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.