Турција

Чавушоглу: „Турција ќе продолжи со одбраната на палестинската кауза“

„Оние кои се чувствуваат непријатно поради нашата изјава денес, брутално и неселективно ги масакрираат нашите палестински браќа и сестри, злокобно спроведуваат државен тероризам...“

Sibel Uğurlu   | 16.09.2019
Чавушоглу: „Турција ќе продолжи со одбраната на палестинската кауза“

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција ќе ја брани праведната кауза на Палестинците до крај, јавува Anadolu Agency (AA).

Изјавата на Мевлут Чавушоглу дојде по вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (OIC) во Џеда, Саудиска Арабија. Вонредниот состанок уследи по изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе воспостави израелски суверенитет врз Јорданската Долина и Мртвото Море, доколку победи на изборите на 17 септември.

„Оние кои се чувствуваат непријатно поради нашата изјава денес, брутално и неселективно ги масакрираат нашите палестински браќа и сестри, злокобно спроведуваат државен тероризам пред очите на светот, па дури и се обидуваат бесрамно да го напаѓаат нашиот претседател. Ние ќе ја браниме праведната кауза до крајот,“ напиша Чавушоглу на Твитер.

Околу 70.000 Палестинци и околу 9.500 еврејски доселеници моментално живеат во Јорданската Долина - голем, плоден појас кој зафаќа приближно една четвртина од целокупната територија на Западниот Брег.

Турција, Арапската лига и европските земји рекоа дека се загрижени од изјавата на Нетанјаху за анексија, за што портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дужарик, рече дека планот за анексија ќе го прекрши меѓународното право.

Меѓународното право ги смета Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) за окупирани територии, а еврејските активности за изградба на населби и нивно населување за нелегални.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.