Турција

Чавушоглу: „Доколку Русија и Украина постигнат договор во Истанбул, ќе се формира контролен центар за коридор за жито“

„Туркије е против нелегално купување на украинско жито од страна на која било земја, вклучително и Русија, но не ограничувајќи се само на неа, и потоа тоа жито да им биде продавано на други земји“

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı   | 23.06.2022
Чавушоглу: „Доколку Русија и Украина постигнат договор во Истанбул, ќе се формира контролен центар за коридор за жито“

АНКАРА (АА) - Ќе се формира контролен центар за коридорот за жито, доколку руската и украинската страна постигнат договор на состанокот што наскоро ќе се одржи во Истанбул, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ако се потпише договор во Истанбул, тогаш ќе има воспоставен контролен центар како безбедна зона надвор од украинските територијални води“, рече Чавушоглу за време на прес-конференцијата во Анкара со неговата британска колешка Лиз Трас.

Поддржувајќи ги напорите на ОН, Чавушоглу, исто така, рече дека Туркије (Турција) се обидува со Русија и Украина да го реши проблемот со житото.

Во врска со наводите за украдени житарици од Украина, министерот Чавушоглу нагласи дека Туркије ја истражувала земјата на потекло на сите споменати производи и тие биле означени како руски.

Туркије е против нелегално купување на украинско жито од страна на која било земја, вклучително и Русија, но не ограничувајќи се само на неа, и потоа тоа жито да им биде продавано на други земји.

Истакнувајќи дека Туркије има „целосна решителност“ за ова прашање, Чавушоглу, исто така, изјави дека земјата нема да дозволи влез на такво жито.

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Трас, рече дека Велика Британија и Туркије работат заедно за да го извлечат житото од Украина.

Поздравувајќи ја „водечката улога“ на Туркије во отворањето на коридорот за извоз на жито од Украина, Трас ја истакна итноста на кризата со жито, додавајќи дека таа ќе има катастрофални последици доколку не се реши во текот на следниот месец.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın