Турција

Чавушоглу: „Анкара подготвена да го стори својот дел за да го врати гасот на Туркменистан во Европа“

- Турскиот министер Чавушоглу, нагласувајќи ги блиските односи со Туркменистан во неколку области, вклучувајќи ја и енергетиката, денес изјави дека Анкара е подготвена да го стори својот дел за да го врати природниот гас на Туркменистан во Европа

Burak Bir   | 23.02.2021
Чавушоглу: „Анкара подготвена да го стори својот дел за да го врати гасот на Туркменистан во Европа“ Фото: Фатих Акташ / АА

АНКАРА

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, нагласувајќи ги блиските односи со Туркменистан во неколку области, вклучувајќи ја и енергетиката, денес изјави дека Анкара е подготвена да го стори својот дел за да го врати природниот гас на Туркменистан преку турско тло во Европа, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нашите економски односи со Туркменистан постепено се зголемуваат, нашиот трговски волумен се шири и покрај пандемијата на коронавирусот“, изјави Чавушоглу на заедничката прес-конференција со неговиот туркменистански колега Рашит Мередов во Анкара.

Споменувајќи дека двете земји се поврзани со регионалните прашања, како што се и енергетиката и транспортот, тој истакна дека ќе зајакне соработката во неколку полиња.

„Турција и Туркменистан наскоро ќе ја зајакнат нивната блиска соработка во безбедноста“, додаде Чавушоглу.

„Ни претставува задоволство постигнатиот договор меѓу Туркменистан и Азербејџан во Каспиското Море“, изјави тој.

Мередoв пак, изјави дека тие одржале средба што вродила со плод и дискутирале за зајакнувањето на билатералните односи.

„Работевме на мапата на патот за нашата соработка“, нагласи тој, велејќи дека дискутирале за односите во областите на културата, образованието, науката и здравството.

„Двете земји имаат односи на високо ниво во трговијата и економијата“, изјави Мередoв, додавајќи дека трговскиот волумен меѓу Турција и Туркменистан достигнал 2 милијарди долари во 2020 година, што не е лошо во однос на пандемиските услови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.