Турција

Чавушоглу: Ако европските земји не го спречат ширењето на расизмот, би можел да достигне опасни размери

„Утре, ако европските земји не можат да го спречат тоа, ќе започне конфликт. Овој конфликт може да ја доведе Европа до многу голем хаос“

Tevfik Durul,Zuhal Demirci   | 20.02.2020
Чавушоглу: Ако европските земји не го спречат ширењето на расизмот, би можел да достигне опасни размери

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, критикувајќи го меѓународниот систем дека не дејствувал обединето за да го запре конфликтот во Либија, рече дека за таа тема нема ниту решеност, пренесува Агенција Анадолија (АА).  

Министерот Чавушоглу на програмата во живо на телевизијата „ТРТ хабер“ се осврна на случувањата во надворешната политика.

Потсетувајќи дека водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на Либија, Калифа Хафтар, во Москва и Берлин не пристапил кон прекин на огнот, Чавушоглу рече: „Нашиот став е јасен. Тоа го кажавме и кога меморандумот го испративме во Собрание. Со чекорите што ги презедовме ќе постигнеме баланс таму. Со тој баланс ќе воспоставиме примирје во Либија.“  

Чавушоглу, исто така, потсети дека на 8 јануари турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, упатиле повик за прекин на огнот.

- Прекршувањата на Хафтар -

Чавушоглу во своето излагање истакна дека премиерот на Владата на национално единство на Либија, Фајез ал Сараџ, го прифатил повикот, рече:

„Чекавме таков одговор и од Хафтар. Не дојде. Русите ќе го убедуваа Хафтар. А ние ќе го убедувавме Сараџ. Во Москва Сараџ го потпиша документот. Хафтар избега без да го потпише. Отидовме во Берлин. Хафтар, со притисокот на Русија рече 'и јас ја поддржувам таа изјава'. Но на терен никогаш не се спроведе. Продолжи со прекршувањата. Берлинската конференција беше успешна благодарение на нашите напори.“

Потсетувајќи дека Хафтар не ја поддржал заедничката декларација од Берлинската конференција, Чавушоглу рече:

„Иако сите земји вложија напори, Хафтар дури и не дојде на местото на состанокот. Ние по овие случувања знаевме дека Хафтар ќе продолжи со прекршувањата. Така и се случи. Откако го нападна пристаништето во Триполи, Сараџ соопшти дека се повлекува од разговорите. Ако прекинот на огнот не продолжи, многу е тешко да се премине кон политичкиот процес.“

Наведувајќи дека не може да започне политички процес додека трајат судирите, Чавушоглу рече: „Светот го осудува, но што прави за да го запре Хафтар. Во моментот, за жал, меѓународниот систем не може заедно да дејствува за да го запре конфликтот, немаат одлучност. Во Берлин рековме дека во претстојниот процес треба да се воспостави целосен и обврзувачки прекин на огнот.“  

- Расизмот во Европа -

Турскиот министер за надворешни работи, оценувајќи ги дојавите за бомби во џамиите во Германија во последниот период, рече дека расизмот во Европа достигнал многу опасно ниво и дека доколку земјите од Европа не го спречат неговото ширење, тоа би можело да достигне опасни размери.

„Денес, муслиманите се цел, утре модата може да се смени, а и започна да се менува. Постепено, етничкиот национализам се најде на прв план. Утре, ако европските земји не можат да го спречат тоа, ќе започне конфликт. Овој конфликт може да ја доведе Европа до многу голем хаос.“

Чавушоглу во однос на нападот во Ханау, Германија изјави: „Според првите информации, секако не може со сигурност да се каже, се вели дека станува збор за напад со расистички мотиви. Ќе го чекаме конечното соопштение.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın