Турција

Турција: 96-годишнен пациент победи во битката против Ковид-19

Акбаш кој заедно со својата сопруга живее во подрачјето на Соќе во Ајдин, пред извесно време беше пренесен во болница поради малаксаност и главоболки

Musa Ölmez   | 21.01.2021
Турција: 96-годишнен пациент победи во битката против Ковид-19 Фото: Musa Ölmez/AA

АЈДИН (АА) - Во турската област Ајдин 96-годишен пациент заразен со новиот вид коронавирус (Ковид-19) успеа во борбата против овој вирус, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сабри Акбаш кој заедно со својата сопруга живее во подрачјето на Соќе во Ајдин, пред извесно време беше пренесен во болница поради малаксаност и главоболки.

Во болницата на Акбаш му бил дијагностициран вирусот Ковид-19.

Акбаш по 12-дневно лекување беше отпуштен од болница, а во изјава за новинарот на АА истакна дека е среќен што оздравел.

Нагласи дека сè уште има симптоми на малаксаност и порача: „Секој нека остане дома и нека се грижи за себе.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın