Турција

Турција ќе гради 500 објекти за домување во Украина

„Во рамките на договорот, што е прв конкретен чекор во врска со нашиот проект за домување за нашите браќа кримски Татари, кои мораа да ја напуштат својата татковина, ќе изградиме 500 куќи во градовите Киев, Миколаив и Керсон...“

Handan Kazancı   | 11.04.2021
Турција ќе гради 500 објекти за домување во Украина

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската агенција за домување, ТОКИ, ќе изгради стотици куќи во Украина за Кримските Татари, соопшти турскиот министер за животна средина и урбанизам, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Мурат Курум на Твитер објави дека тој и вицепремиерот на Украина, Олексиј Резников, потпишале договор во однос на ова прашање и сподели фотографии од деветтиот состанок на Турско-украинскиот советот за стратешка соработка на високо ниво.

„Во рамките на договорот, што е прв конкретен чекор во врска со нашиот проект за домување за нашите браќа кримски Татари, кои мораа да ја напуштат својата татковина, ќе изградиме 500 куќи во градовите Киев, Миколаив и Керсон од страна на ТОКИ“, истакна тој.

Вчера, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Владимир Зеленски одржаа прес-конференција во Истанбул.

Ердоган повика на деескалација на тензиите во Украина и рече дека Турција сака мирно Црно Море.

„Нашата главна цел е Црното Море да продолжи да биде море на мирот, спокојот и соработката“, изјави турскиот претседател.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.