Турција

Турција ја критикуваше Резолуцијата на чешкиот Парламент за настаните од 1915 година

- Чешкиот министер за надворешни работи, Томаш Петричек, изјавил оти одлуката не го одразува ставот на чешката Влада.

Seda Sevencan   | 22.05.2020
Турција ја критикуваше Резолуцијата на чешкиот Парламент за настаните од 1915 година

АНКАРА

Турција ја осуди Резолуцијата усвоена на 20 мај од страна на Сенатот на Парламентот на Република Чешка во врска со настаните од 1915 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Фактот што одлуката е донесена во присуство на неколку членови во Сенатот во време кога целиот свет се бори со пандемијата на Ковид-19, покажува подмолност“, се соопштува од Министерството за надворешни работи на Турција.

„Не е можно да се наметне повеќе од историска дискусија за настаните од 1915 година, како што е утврдено со членовите 173 и 231 од пресудата во 2015 година на Европскиот суд за човекови права, што беше повторено со втора одлука во 2017 година“, се вели во соопштението.

„Обидите да се дефинира историско прашање во интерес на политиката и одредени групи се неприфатливи“, се додава во соопштението.

„Ги повикуваме оние кои сакаат да претстават еднострано гледиште за историјата, да го разгледаат писмото на претседателот Реџеп Таип Ердоган испратено до турскиот ерменски патријарх по повод 24 април, а во кое се изразува разбирање за споделувањето на заедничката тага.“

„Го покануваме чешкиот Парламент да ги почитува одредбите од Договорот за мир во Лозана, меѓународните судски решенија и историските и тековните извори на меѓународното право“, се вели во соопштението.

Се нагласува дека чешкиот министер за надворешни работи, Томаш Петричек, изјавил оти одлуката не го одразува ставот на чешката Влада.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın