Турција

Турција: Франција е таа што игра опасна игра во Либија

- Портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК партија), Омер Челик денес изјави дека Франција е земја која извршува злосторства и игра опасна игра во Либија

Burak Bir,Havva Kara Aydın   | 30.06.2020
Турција: Франција е таа што игра опасна игра во Либија

АНКАРА

Портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК партија), Омер Челик денес изјави дека Франција е земја која извршува злосторства и игра опасна игра во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Критикувајќи ги коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за улогата на Турција во Либија, Челик по состанокот на партискиот одбор изјави дека Франција ги повторува грешките кои ги направила во Руанда пред повеќе од четвртина век.

Тој додаде дека Франција е извршител на злосторства во Либија и дека игра опасна игра таму.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународните заедници, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.

ОН ја признава либиската Влада предводена од Фајез ал Сараџ, како легитимна власт на земјата, бидејќи Триполи се бори против милициите на Хафтар од април 2019 година, конфликт кој однесе над 1.000 животи.

По откривањето на масовните гробови во областите оставени од повлекување на милицијата на Хафтар, ОН и меѓународните правници изразија загриженост за можните воени злосторства.

Додека Турција продолжува да ја поддржува меѓународно признатата либиска влада, Хафтар на меѓународно ниво е поддржан од Русија, Франција, Египет и ОАЕ.

Осврнувајќи се на терористичките групи во Европа, Челик рече дека годишниот извештај на Европол за тероризам ја потврди загриженоста што ја изразува Турција веќе подолго време.

Терористичката организација ПКК продолжува да ја користи територијата на Европската унија за пропаганда, регрутирање, собирање средства и активности за логистичка поддршка, се вели во извештајот на агенцијата на ЕУ за спроведување на законот објавен денес.

ПКК е сепаратистичка организација која што се наоѓа на листата терористички групи на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

Во врска со плановите на Израел да го анектира Западниот Брег овој јули, Челик рече: „Ако светот не заземе став против ова, Израел постепено ќе ja уништи легитимноста на целиот меѓународен поредок“.

Западниот брег, вклучително и Источен Ерусалим, се смета за окупирана територија според меѓународното право, со што сите еврејски населби таму - како и планираната анексија - се нелегални.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.