Турција

Турција фати над 2.500 нелегални мигранти минатата недела

Според локалните извори во Едрене, Грција ги засилила напорите за испраќање на нелегалните мигранти во Турција прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура

Burak Dağ   | 13.01.2020
Турција фати над 2.500 нелегални мигранти минатата недела

АНКАРА (АА) - Речиси 2.530 нелегални мигранти се фатени низ Турција во текот на изминатата недела, јавува Агенција Анадолија (АА).

Силите на турската жандармерија фатија 962 мигранти во северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.

Според локалните извори во Едрене, Грција ги засилила напорите за испраќање на нелегалните мигранти во Турција прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура.

Во крајбрежните западни градови Мугла, Чанаккале, Измир и Ајдин, турската Крајбрежна стража и жандармериските сили опколија повеќе од 1.260 мигранти.

Во северозападните области Киркларели, Јалова и Текирдаг, вкупно 98 мигранти беа задржани од жандармериските сили.

Исто така, 84 нелегални мигранти, кои пловеле од Чанаккале, беа фатени од Крајбрежната стража.

Вкупно 122 нелегални мигранти се задржани во централната област Нигде, источните области Елазиг и Ван и југоисточната област Килис.

Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, Мароко, Египет, Бангладеш, Сомалија, Јемен, Палестина, Мали, Габон, Сенегал, Бурунди, Камерун, Ангола, Либија, Либан и државјани на Јужна Африка.

Сите мигранти фатени во текот на изминатата недела се однесени или во болница на лекување или се префрлени во канцелариите за миграција во областите.

Турција е главна рута за мигрантите што нелегално се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година наваму, кога започна Граѓанската војна во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın