Турција

Турција: Фатени 14 лица поради вршење измами во корист на ДЕАШ

Полицијата за време на антитерористичките операции заплени пари, оружје и организациски и дигитални документи

Erdoğan Çağatay Zontur   | 11.07.2019
Турција: Фатени 14 лица поради вршење измами во корист на ДЕАШ

АДАНА (АА) - Најмалку 14 лица се притворени во турската јужна област Адана под сомнение за измама во корист на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

„Осомничените собирале нелегални такси преку закани, употреба на сила и насилство во корист на ДЕАШ“, се вели во соопштението на полицискиот Оддел за борба против тероризмот во Адана.

Меѓу фатените терористи се наоѓа и осомничениот терорист идентификуван како М. О., кој носел одлуки за групата.

Полицијата за време на антитерористичките операции заплени пари, оружје и организациски и дигитални документи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın