Турција

Турција утре добива уште 6,5 милиони дози инактивни вакцини

„Првиот дел (6,5 милиони дози) од другата пратка на инактивирани вакцини, која изнесува вкупно 10 милиони дози, во нашата земја ќе биде во понеделник наутро. Испораките во согласност со планот на набавката продолжуваат без задоцнување", изјави Коџа

Yeşim Sert Karaaslan   | 24.01.2021
Турција утре добива уште 6,5 милиони дози инактивни вакцини

АНКАРА

Министерот за здравство на Република Турција Фахретин Коџа потврди дека неговата земја утре ќе добие 6,5 милиони дози интерактивни вакцини во рамките на борбата против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Коџа на социјалната мрежа Твитер сподели информации за транспортот на новата пратка вакцини против Ковид-19. Како што изјави, станува збор за првиот дел од втората пратка која изнесува вкупно 10 милиони дози вакцини.

„Првиот дел (6,5 милиони дози) од другата пратка на инактивирани вакцини, која изнесува вкупно 10 милиони дози, во нашата земја ќе биде во понеделник наутро. Испораките во согласност со планот на набавката продолжуваат без задоцнување", порача министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın