Турција

Турција упати сочувство до Израел за загинатите на верскиот собир

„Со жалење дознавме за големиот број загубени животи во стампедото за време на одбележувањето на верскиот празник на планината Мерон во северен Израел“

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı   | 30.04.2021
Турција упати сочувство до Израел за загинатите на верскиот собир

АНКАРА (АА) - Турција упати сочувство до Израел за смртоносното стампедо за време на еврејскиот верски собир, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Со жалење дознавме за големиот број загубени животи во стампедото за време на одбележувањето на верскиот празник на планината Мерон во северен Израел“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Турција изрази сочувство до народот и Владата на Израел и им посака брзо и целосно оздравување на повредените во инцидентот.

Според „Ерусалим пост“ (The Jerusalem Post), најмалку 44 лица загинаа, а 103 се повредени во стампедо кое се случи рано утрово за време на прославата на еврејскиот празник Лаг Б'Омер.

Израелската полиција започна истрага за несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın