Турција

Турција: Со богата програма денеска се одбележува 567. годишнина од освојувањето на Истанбул

- Со богата програма денеска во Турција ќе биде одбележана 567. годишнина од освојувањето на Истанбул, историскиот подвиг на османлиската војска која ја предводеше султан Мехмед Фатих II

Sefa Mutlu   | 29.05.2020
Турција: Со богата програма денеска се одбележува 567. годишнина од освојувањето на Истанбул

ИСТАНБУЛ

Со богата програма денеска во Турција ќе биде одбележана 567. годишнина од освојувањето на Истанбул, историскиот подвиг на османлиската војска која ја предводеше султан Мехмед Фатих II, јавува Агенција Анадолија (АА).

На денешен ден во 1453 година, отоманската војска го зазеде тогашниот Константинопол, престолнината на Византиското Царство, односно Источното Римско Царство, а градот на Босфорот стана престолнина на Османлиското Царство.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека годишнината на тој историски настан ќе биде пригодно одбележана, а од Дирекцијата за комуникации при неговиот Кабинет е соопштено дека програмата ќе вклучува и читање на сурата од Куранот, „Ел Фатих“ во „Аја Софија“ и свечено дефиле на чамци со знамиња со кои на Босфорот ќе биде оддадена почест на султан Мехмед Фатих II. Со поддршка на Министерството за млади и спорт, дефилето го организира Турската едриличарска федерација.

Најавен е и специјален концерт и натпревар кој го организира Фондацијата за стрелаштво.

Богатата програма ќе започне со свечено дефиле на чамци од Босфорот која од палатата Хубер ќе ја следи и турскиот претседател Ердоган.

За попладневните термини е најавено читање извадоци од Куранот пред палатата Топкапи и други перформанси и концерти на воениот оркестар „Мехтеран“.

Концертот по повод освојувањето на Истанбул ќе биде во живо емитуван на Јутјуб-каналот и социјалните мрежи на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател и тоа со почеток во 19:00 часот по локално време.

За вечерните часови е најавен и спектакуларен огномет во Истанбул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın