Турција

Турција: Се преврте автобус кој превезувал припадници на полицијата, 12 лица повредени

- Најмалку 12 лица се повредени откако се преврте автобус во Кастамону, северниот дел на Турција, кој превезувал припадници на турската полиција

Bilal Kahyaoğlu, Özgür Alantor   | 13.10.2021
Турција: Се преврте автобус кој превезувал припадници на полицијата, 12 лица повредени Фото: Билал Кахјаноглу / АА

КАСТАМОНУ 

Најмалку 12 лица се повредени откако се преврте автобус во Кастамону, северниот дел на Турција, кој превезувал припадници на турската полиција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите до кои дојде новинар на АА, помал автобус кој превезувал полициски службеници на патната релација Кастамону - Инеболу, се превртел на локацијата Сејдилер.

Во сообраќајната несреќа, чија причина сѐ уште е непозната, повредени се 12 полициски службеници.

Повредените се префрлени во болницата во Кастамону.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın