Турција

Турција, Русија и Иран ќе го одржат петтиот по ред Самит за Сирија

Самитот ќе се осврне на најновите случувања во со војна зафатената Сирија, особено во северозападниот сириски град Идлиб, да се стави крај на конфликтната клима, да се обезбедат потребните услови за доброволно враќање на бегалците...

Ali Murat Alhas   | 16.09.2019
Турција, Русија и Иран ќе го одржат петтиот по ред Самит за Сирија

АНКАРА (АА) - Турција денеска ќе биде домаќин на петтиот трилатерален Самит за Сирија, според форматот од Астана, на којшто ќе присуствуваат, освен турскиот лидер, и лидерите на Русија и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин и со иранскиот колега Хасан Рoхани во претседателската палата во главниот град Анкара за трилатералниот Самит.

Самитот има за цел да ги оцени најновите случувања во со војна зафатената Сирија, особено северозападниот сириски град Идлиб, да се стави крај на конфликтната клима, да се обезбедат потребните услови за доброволно враќање на бегалците, постигнување на трајно примирје и политичко решение за сириската криза.

За време на билатералните средби, Ердоган се очекува да размени мислења и ставови со Путин и Рохани за билатералните односи, како и за регионалните и меѓународните случувања.   

Мировниот процес од Астана, чија цел е да се стави крај на сирискиот конфликт, започна во јануари 2017 година по иницијатива на Турција, Русија и Иран. Во Астана, Казахстан, беа реализирани вкупно 13 рунди преговори. 

Турција и Русија минатиот септември се договорија Идлиб да го претворат во деескалациска зона, каде што актите на агресија се строго забранети.

Но, и покрај тоа, сирискиот режим и неговите сојузници постојано ги кршат условите за прекин на огнот, спроведувајќи чести напади во деескалациската зона.

Во зоната моментно живеат околу 4 милиони цивили, вклучувајќи стотици илјади лица, кои се раселени во последниве години од страна на режимските сили од целата земја.

Ердоган предупреди дека понатамошните напади од страна на режимот и сојузниците можат да предизвикаат прилив на милиони бегалци во Турција, која во моментот згрижува над 3,6 милиони раселени Сиријци, со што Турција е земја која прими најголем број бегалци.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.