Турција

Турција рециклираше 48 милиони тони отпад во 2018 година

Осум погони обработиле 138.000 тони отпад и произвеле 35.000 тони компост, додека пак 40 постројки го користеле процесот на согорување и трансформирале 1 милион тони отпад за енергија

Gökhan Ergöçün   | 02.12.2019
Турција рециклираше 48 милиони тони отпад во 2018 година

ИСТАНБУЛ (АА) - Преку компостирање, согорување и процеси во други постројки Турција рециклираше 48 милиони тони отпад во 2018 година, покажуваат официјалните податоци објавени денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Осум погони обработиле 138.000 тони отпад и произвеле 35.000 тони компост, додека пак 40 фабрики го користеле процесот на согорување и трансформирале 1 милион тони отпад за добивање енергија“, соопшти турскиот Институт за статистика (TurkStat).

„Во 2.009 други лиценцирани погони рециклирани се 47 милиони тони метал, пластика, хартија, минерали итн.“, се додава од ТуркСтат.

Околу 56,5 милиони тони отпад е отстранет во различни погони минатата година, меѓу кои и 17 милиони тони опасен отпад.

Во 2018 година, во Турција биле активни 2.223 постројки за отпад, 166 постројки за одложување на отпад и 2.057 погони за рециклирање на отпад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.