Турција

Турција: Принудно слета авионот во кој беше турскиот министер Бекир Пакдемирли

Четириесет минути по полетувањето дошло до дефект на авионот кој потоа принудно слетал на аеродромот во Малатија. Се дознава дека дошло до дефект на моторот.

Deniz Çiçek Palabıyık   | 16.04.2021
Турција: Принудно слета авионот во кој беше турскиот министер Бекир Пакдемирли

АНКАРА (АА) - Авионот кој леташе на релација Анкара - Ширнак, во кој беше и турскиот министер за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли, поради дефект, беше принуден да слета на аеродромот „Ерхач“ во градот Малтија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите кои ги доби АА, Пакдемирли утринава во 10:00 часот по локално време, со авион во сопственост на Централната управа за шуми на Турција полета од Анкара кон Ширнак.

Четириесет минути по полетувањето дошло до дефект на авионот кој потоа принудно слетал на аеродромот во Малатија. Се дознава дека дошло до дефект на моторот.

Во авионот беа вкупно девет лица. Освен министерот Пакдемирли, во авионот беше и неговиот заменик Мехмед Хади Тунч, пратеник на Партијата за правда и развој (АК Партија) Ризгин Бирлик, генералниот директор на Државната агенција за води Каја Јилдиз, како и други соработници и двајца членови на посадата.

Здравствената состојба на сите патници на авионот е стабилна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.