Турција

Турција: Првиот Рамазански бајрам намаз во „Аја Софија“ по 87 години

Верниците денеска, по повод Рамазанскиот бајрам, со почитувањето на мерките, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, ја клањаа бајрамската молитва

Ahmet Bolat   | 13.05.2021
Турција: Првиот Рамазански бајрам намаз во „Аја Софија“ по 87 години Фото: Ahmet Bolat/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулската Џамија „Аја Софија“ се клања бајрам намаз, првпат по 87 години по повод Рамазанскиот бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од денот на отворањето на „Аја Софија“ за молитви, на 24 јули минатата година, во неа еднаш е клањан бајрам намаз по повод курбан бајрам.

Верниците денеска, по повод Рамазанскиот бајрам, со почитувањето на мерките, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, го клањаа бајрам намаз.

„Аја Софија“ служеше како црква 916 години сѐ до освојувањето на Истанбул, како џамија од 1453 до 1934 година и до неодамна како музеј цели 86 години.

Врховниот суд на Турција на 10 јули ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година со која Џамијата „Аја Софија“ беше претворена во музеј, и овозможи таа повторно да биде отворена како џамија по 86 години. Пред тоа, служеше како џамија речиси 500 години.

Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфор, „Аја Софија“ е вклучена на списокот на УНЕСКО од 1985 година.

Турските власти најавија дека ќе продолжат да ги зачувуваат културните и историските вредности на „Аја Софија“ на таков начин што Дирекцијата за верски работи на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе се грижи за обновување, зачувување и заштита.

Туристите сепак ќе можат да ја посетуваат „Аја Софија“ бесплатно, а фреските на ѕидовите ќе бидат покриени со завеси само за време на молитвите во џамијата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.