Турција

Турција: Покрената операција со цел приведување на 60 припадници на ФЕТО

„Операцијата со седиште во Истанбул е покрената во 19 области“, изјави изворот.

Murat Kaya   | 13.04.2021
Турција: Покрената операција со цел приведување на 60 припадници на ФЕТО

ИСТАНБУЛ

Во Турција е покрената операција против инфилтрирање на терористичката организација ФЕТО во турските вооружени сили со цел приведување на 60 осомничени лица, вели безбедносен извор, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обвинителите во Истанбул издадоа налози за приведување на осомничените, вклучувајќи 39 поранешни воени студенти и 12 тајни имами (високи припадници во структурите на ФЕТО), додаде изворот.

Операцијата е започната по откривање на внатреорганизациска комуникација преку говорници или фиксни линии, како и откривање на организациски врски преку признавања, рече безбедносниот извор кој побара да не биде именуван поради ограничувања за зборување пред медиумите.

„Операцијата со седиште во Истанбул е покрената во 19 области“, додаде изворот.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.