Турција

Турција: Плажите на егејскиот брег полни со капачи и посетители

По намалувањето на бројот на случаи на коронавирусот во целата земја, Турција на почетокот на јули укина голем број ограничувања воведени поради вирусот

Ali Rıza Akkır,Ali Ballı,Durmuş Genç   | 22.07.2021
Турција: Плажите на егејскиот брег полни со капачи и посетители Фото: Ali Rıza Akkır/АА

МУГЛА (АА) - По ублажувањето на епидемиолошките мерки во Турција, плажите во земјата се полни со гости и капачи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Особено се исполнети плажите во турската област Мугла и блиските туристички дестинации, кои се омилени дестинации на туристите од многу земји.

Голем број луѓе се одлучија за одмор на познатите плажи Белџекиз и Кумбурну.

Љубителите на адреналинот, од друга страна, уживаа во параглајдерството и уникатниот поглед на приморјето од птичја перспектива.

Голем број туристи поставуваат шатори во шумските предели, а повеќето од нив денеска решија да запливаат во прекрасното море.

По намалувањето на бројот на случаи на коронавирусот во целата земја, Турција на почетокот на јули укина голем број ограничувања воведени поради вирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın