Турција

Турција: Налози за приведување на 228 осомничени припадници на ФЕТО

„Антитерористичките операции против структурите на терористичката организација во Турските безбедносни сили паралелно се одвиваат во 43 области“

Burak Bir   | 18.02.2020
Турција: Налози за приведување на 228 осомничени припадници на ФЕТО

ИЗМИР/АНКАРА (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за приведување на 228 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, изјавија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Обвинителите во турската област Измир издадоа налози за приведување на 101 наредник во активна служба и на 56 поранешни војници кои или се пензионирани, или поднеле оставки или се истерани од работа.

„Антитерористичките операции раководени од Измир против структурите на терористичката организација во Турските безбедносни сили паралелно се одвиваат во 43 области“, истакнаа изворите кои сакаа да останат анонимни.

Налозите се издадени откако е утврдено дека осомничените комуницирале со припадници на терористичката организација преку телефонски говорници.

Oбвинителите во главниот град Анкара издадоа налози за приведување на 71 осомничен, меѓу кои и 33 лица во активна служба поради нивна поврзаност со структури на терористичката организација во Министерството за правда.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година, во кој животот го изгубија 251 лице, а скоро 2.200 беа повредени.

Терористичката организација ФЕТО стоeше и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın