Турција

Турција: Назначен нов заменик гувернер на Централната банка

Таха Чакмак е назначен за нов заменик-гувернер на банката, додека Јусуф Туна е назначен за член на Kомитетот.

Gökhan Ergöçün   | 14.10.2021
Турција: Назначен нов заменик гувернер на Централната банка

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција назначи нов заменик-гувернер во Централната банка на земјата и нов член на Комитетот за монетарна политика на банката, истовремено отпуштајќи двајца заменици-гувернери и еден член на Комитетот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според претседателскиот декрет рано утринава, Таха Чакмак е назначен за нов заменик-гувернер на банката, додека Јусуф Туна е назначен за член на Комитетот за монетарна политика.

„Заменик-гувернерите Семих Тумен и Угур Намик Кучук и членот на Комитетот за монетарна политика Абдула Јаваш се разрешени“, се наведува во декретот објавен во Службен весник.

Инаку, синоќа во главниот град Анкара се состанаа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и гувернерот на Централната банка на Турција, Шахап Кавџиоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.