Турција: Министерот за здравство прв ја прими вакцината против Ковид-19
„Верувам дека наредните денови ќе бидат посветли, нека е со среќа, рече министерот Фахретин Коџа, откако ја прими вакцината во Градската болница во Анкара

АНКАРА
Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа е првото лице во оваа земја кое ја прими вакцијата против коронавирусот (Ковид-19). По вакцинацијата Коџа изрази уверување дека наредните денови ќе бидат посветли, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако Агенцијата за лекови и медицински уреди при Министерството за здравство на Турција одобри итна употреба на вакцината CoronaVac, против Ковид-19, прв ја прими министерот за здравство на Турција, ФАхретин Коџа.
„Верувам дека наредните денови ќе бидат посветли, нека е со среќа", рече министерот Фахретин Коџа, откако ја прими вакцината во Градската болница во Анкара.
Коџа во болницата стигна со членовите на Научниот одбор за борба против Ковид-19, а при самото доаѓање, за медиумите рече: „Се сеќавате ли кога реков дека ќе се види светло на крајот на тунелот? Ова е тој ден."
Министерот Коџа исто така подвлече дека сите граѓани би требале да се вакцинираат.
„Еден од најважните начини на превенција на оваа болест е вакцинирањето. За да се вратиме во својот нормален, стариот живот, мораме дефинитивно да ја примиме вакцината", порача Коџа.