Турција

Турција креираше мапа на биолошка разновидност со 13.409 растителни и животински видови

Во рамките на националниот проект за следење на биолошката разновидност, што го започна Генералната дирекција за заштита на природата и националните паркови (DKMP), во Турција се идентификувани 13.409 растителни и животински видови

Yunus Girgin   | 30.11.2020
Турција креираше мапа на биолошка разновидност со 13.409 растителни и животински видови

АНКАРА (АА) - Турција креираше мапа на биолошката разновидност во која се документирани илјадници растителни и животински видови, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на националниот проект за следење на биолошката разновидност, што го започна Генералната дирекција за заштита на природата и националните паркови (DKMP), во Турција се идентификувани 13.409 растителни и животински видови.

Експертите и истражувачите, во склоп на проектот започнат во 2013 година, извршија попис на разновидноста во 81 град во Турција и креираа мапа на биолошката разновидност на 852.644 локации.

Вкупно 918 експерти и научници учествуваа во теренските истражувања на растителните и животинските видови, како што се васкуларните растенија, цицачите, птиците, рибите, влекачите и водоземците.

Истражувањата на растителните и животинските видови се спроведени во 81 град, при што се документирани 292 видови флора, 218 видови фауни и 263 специјализирани подрачја.

Биолошката разновидност е поим што ја означува сета разновидност на живиот свет на Земјата и се дели на три главни групи: гени, растителни и животински видови и екосистеми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın