Турција

Турција и Катар ја зајакнуваат соработката во областа на одбраната

Во периодот 2019 - 2020 година Турција во Катар извезе производи од одбранбената и воздухопловната индустрија во вредност од над 220 милиони долари

Serdar Bıtmez,Hamdi Yıldız   | 22.04.2021
Турција и Катар ја зајакнуваат соработката во областа на одбраната

ДОХА (АА) - Началникот на Генералштабот на Катар, Ганим бин Шахин ал Ганим, во Доха имаше средба со претседателот на Одделот за одбранбена индустрија на Претседателството на Турција, Исмаил Демир, на која се разговараше за соработката во областа на одбраната, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на Катарската новинска агенција (QNA), Демир, кој ја посети Доха, на средбата со Ганин разговарал за можностите за понатамошно зајакнување на соработката меѓу Вооружените сили на Катар и одбранбената индустрија на Турција.

Се наведува дека на состанокот присуствувале и високи офицери од Вооружените сили на Катар.

Катар од Турција купи производи од одбранбената индустрија како што се вооружените беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ и бродови за обука.

Во периодот 2019 - 2020 година Турција во Катар извезе производи од одбранбената и воздухопловната индустрија во вредност од над 220 милиони долари.

Извозот реализиран во првите три месеци од 2021 година изнесува 18,1 милион долари.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.