Турција

Турција го осуди нападот на џамијата во јужниот дел на Кипар

- Во неделата, три молотови коктели беа фрлени врз џамија во Лимасол, а на ѕидовите од џамијата биле напишани антимуслимански и антимигрански пораки.

Firdevs Bulut   | 02.06.2020
Турција го осуди нападот на џамијата во јужниот дел на Кипар

АНКАРА

Турција денес најостро го осуди бруталниот напад и обидот за палење на џамија во јужниот дел на Кипар, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Го осудуваме овој гнасен напад врз џамијата Копрулу Хаџи Ибрахим Ага во покраината Лимасол“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се повикува администрацијата на грчкиот дел на Кипар да ги преземе сите потребни чекори за заштита на слободата на вероисповед и светоста на верските објекти, а одговорните за нападот да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Јасно е како ден дека антимуслиманската реторика и напади не можат да придонесат за решавање на кипарското прашање“, се вели во соопштението.

Во соопштението на турското министерство се наведува дека ваквите напади не биле насочени само против муслиманите, туку дека тие претставуваат закана за целото човештво.

Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, исто така го осуди нападот.

„Го осудувам нападот врз историската џамија Копрулу во покраината Лимасол, грчкиот дел на Кипар. Ги поканувам властите на кипарските Грци да преземат искрена акција пред овие напади и да ги фатат сторителите што е можно поскоро. Турција секогаш ќе застане против насилството“, рече тој рече на Твитер.

Во неделата, три молотови коктели беа фрлени врз џамија во Лимасол, а на ѕидовите од џамијата биле напишани антимуслимански и антимигрански пораки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın