Турција

Турција го осуди ерменскиот напад врз Азербејџан

- Министерството за надворешни работи на Турција денеска ги критикуваше нападите на Ерменија врз Азербејџан и валканата кампања против Турција

Fahri Aksüt   | 16.07.2020
Турција го осуди ерменскиот напад врз Азербејџан

АНКАРА

Министерството за надворешни работи на Турција денеска ги критикуваше нападите на Ерменија врз Азербејџан и валканата кампања против Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Овој лицемерен став на Ерменија, која со години ја одржуваше нелегитимната окупација на територијата на Азербејџан, јасно и очигледно открива која е главната пречка за воспоставување постојан мир и стабилност во Јужен Кавказ“, се вели во соопштението.

Неодамнешните судири на границата со Ерменија резултираа со смрт на 11 азербејџански војници, а четворица беа ранети.

Во одмазднички напади, азербејџанските власти соопштија дека се убиени речиси 100 ерменски елементи.

Од Министерството соопштија дека Турција го поддржува Баку во овие тешки времиња.

Министерството за надворешни работи исто така соопшти дека надворешната политика на Ерменија се базира на клевети и нема да биде корисна за никого.

„Овој пристап е манифестација на менталитетот што го создава нејзиниот идентитет само од еднострано разбирање на историјата и се обидува да ја оправда нејзината незаконска агресија“, се вели во соопштението.

Во соопштението се вели дека овој погрешен став на Ерменија кој предизвикува агресивен национализам е тажен, но не и изненадувачки.

Министерството додаде дека ерменските власти треба да дејствуваат мудро и да научат што е можно поскоро да бидат дел од решенијата наместо од проблемите во Јужен Кавказ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın