Турција

Турција ги осуди нападите на Ерменија врз Азербејџан

„Остро го осудуваме ерменскиот напад, кој е отворено прекршување на меѓународното право и кој предизвика цивилни загуби“

Mehmet Şah Yılmaz   | 27.09.2020
Турција ги осуди нападите на Ерменија врз Азербејџан

АНКАРА (АА) - Турција ги осуди нападите на силите на Ерменија врз цивилните населени места во Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, писмено одговори на прашањето во врска со нападот што Ерменија го започна изутрина врз Азербејџан.

Аксој нагласи дека дознале оти Вооружените сили на Ерменија изутринава, прекршувајќи го примирјето, отвориле интензивен оган од тешко оружје врз некои населени места на Азербејџан, како и врз азербејџанската Војска на линијата на фронтот.

„Остро го осудуваме ерменскиот напад, кој е отворено прекршување на меѓународното право и кој предизвика цивилни загуби“, рече тој, истакнувајќи дека со овие напади Ерменија уште еднаш покажала дека е најголемата пречка за мирот и стабилноста во регионот.

„Сигурно дека Азербејџан ќе го употреби своето легитимно право на одбрана, со цел заштита на својот народ и својот територијален интегритет. Во овој процес, Турција дава целосна поддршка за Азербејџан. Како ќе посака Азербејџан, ние на тој начин ќе стоиме до него. Меѓународната заедница ја покануваме да стои до таа страна што е во право. Од Господ посакуваме милост за нашите азербејџански браќа кои станаа шехиди, на повредените им посакуваме брзо заздравување, а упатуваме сочувство до драгиот Азербејџан“, додаде портпаролот на турското Министерство за надворешни работи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın