Турција

Турција ги негираше ерменските наводи за користење на турските авиони и беспилотни летала

„Ерменски официјални профили изнесуваат лажни тврдења дека турски авиони и невооружени (İHA) и вооружени беспилотни летала (SİHA) се користени против нив...“

Burcu Çalık Göçümlü   | 30.09.2020
Турција ги негираше ерменските наводи за користење на турските авиони и беспилотни летала

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција нагласи дека се лажни тврдењата на Ерменија дека против нив се користени турски авиони и вооружени беспилотни летала, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на турското Министерство се истакнува:

„Ерменски официјални профили изнесуваат лажни тврдења дека турски авиони и невооружени (İHA) и вооружени беспилотни летала (SİHA) се користени против нив. Ова не е ништо друго освен црна пропаганда, за да се создаде перцепција дека Турција е против нив, со цел да ја зголеми својата поддршка“, се нагласува во соопштението.

Се истакнува дека овие обвинувања никој не ги сфатил сериозно освен приврзаниците на Ерменија и се додава: „Од друга страна, Азербејџанските вооружени сили, во изминатите неколку дена му покажаа на светот дека имаат способност и можност самостојно да постигнат победа, и решителност да ги спасат своите окупирани територии.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.