Турција

Турција: Во рамки на истрагата против структурите на ФЕТО во Воздухопловните сили приведени 30 лица

Истрагата е подигната против лицата осомничени дека се поврзани со ФЕТО-структурите во Воздухопловните сили, како и т.н. цивилни имами на таа терористичка организација

Cankut Taşdan   | 20.04.2021
Турција: Во рамки на истрагата против структурите на ФЕТО во Воздухопловните сили приведени 30 лица

АНКАРА (АА) - Обвинителството во Анкара, главниот град на Турција, во рамките на истрагата против структурите на терористичката организација ФЕТО во Воздухопловните сили, издаде налози за приведување на 47 кадети, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека истрагата е подигната против лицата осомничени дека се поврзани со ФЕТО-структурите во Воздухопловните сили, како и т.н. цивилни имами на таа терористичка организација.

Наведено е дека се издадени налози за приведување на 47 кадети во 17 градови, меѓу кои и Анкара.

Одделот за борба против тероризмот при полицијата во Анкара приведе 30 осомничени лица.

Во тек е потрагата по останатите.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın