Турција

Турција: Во рамките на истрагата против терористите на ФЕТО издаден налог за приведување на 143 осомничени лица

Во истрагата е вклучена и Националната разузнавачка служба (МИТ), а меѓу осомничените се 61 претходно отпуштени јавни службеници и девет поранешни полициски началници

Tanju Özkaya   | 14.09.2021
Турција: Во рамките на истрагата против терористите на ФЕТО издаден налог за приведување на 143 осомничени лица

АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО во Турција е издаден налог за лишување од слобода на 143 осомничени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кабинетот на државното обвинителство во Анкара издаде налози за приведување на 143 лица осомничени за членство во терористичката организација ФЕТО, а полицијата по налог покрена истовремени акции на приведување во 43 турски области.

Во истрагата е вклучена и Националната разузнавачка служба (МИТ), а меѓу осомничените се 61 претходно отпуштени јавни службеници и девет поранешни полициски началници. Меѓу осомничените има и 26 лица кои престојувале во тајните скривалишта на терористите на ФЕТО и кои го користеле тајниот кодиран систем за комуникација БајЛок.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, во правосудството на Турција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите на ФЕТО инфилтрирани во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа 2.734 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın