Турција

Турција: Во Ајдин фатени 54 мигранти

- Припадниците на крајбрежната стража фатија најмалку 54 лица, а во текот на контролите утврдено е дека станува збор за непријавени мигранти, меѓу кои 43 од Авганистан, шест од Сирија, четири од Ирак и едно од Иран

Ferdi Uzun   | 20.04.2019
Турција: Во Ајдин фатени 54 мигранти ( Турска крајбрежна стража - AA )

АЈДИН

Во дистриктот Кушадаси, во турската област Ајдин, екипите на крајбрежната стража на Турција фатија 54 непријавени мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Според сознанијата на АА, екипите на крајбрежната стража добиле дојава дека група непријавени мигранти на гумен чамец отпловиле на море во близина на Кушадаси.

Припадниците на крајбрежната стража фатија најмалку 54 лица, а во текот на контролите утврдено е дека станува збор за непријавени мигранти, меѓу кои 43 од Авганистан, шест од Сирија, четири од Ирак и едно од Иран.

Мигрантите се предадени на Дирекцијата за управување со миграции во Ајдин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın