Турција

Турско МО: „Во воздушен напад врз нашите елементи во Идлиб загинаа двајца наши војници“

Според информациите добиени од извори во Идлиб, неутрализирани се над 50 припадници на режимските сили, а запленети се 5 тенка, 2 оклопни возила за транспорт на воен персонал, 2 вооружени пикапи и една хаубица

Mümin Altaş   | 20.02.2020
Турско МО: „Во воздушен напад врз нашите елементи во Идлиб загинаа двајца наши војници“

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во воздушен напад врз турските елементи во подрачјето на Идлиб загинаа двајца турски војници, а ранети се 5, пренесува Агенција Анадолија (АА).  

Во соопштението на Министерството објавено на Твитер се истакнува:

„До денеска соодветно е возвратено за нашите загинати војници, и отсега понатаму ќе биде соодветно вратено. Посакуваме милост од Бога за нашите загинати војници, и сочувство до нивните семејства, до Турските вооружени сили (ТСК) и до нашиот народ, а на повредените војници побрзо оздравување.“

Според информациите добиени од извори во Идлиб, неутрализирани се над 50 припадници на режимските сили, а запленети се 5 тенка, 2 оклопни возила за транспорт на воен персонал, 2 вооружени пикапи и една хаубица“, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.