Турција

Турско министерство за одбрана: „Петтата турско-руско патрола продолжува и по провокациите“

Во рамки на Договорот постигнат меѓу Турција и Русија во Сочи на 22 октомври 2019 година, во тек се заедничките патроли на двете земји во Сирија

Muhammed Boztepe   | 12.11.2019
Турско министерство за одбрана: „Петтата турско-руско патрола продолжува и по провокациите“

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека петтата турско-руска копнена патрола во подрачјето на Ајн ал Араб (Кобане) во подрачјето источно од реката Еуфрат, Сирија, продолжува со потребната внимателност, и покрај провокациите на провокаторите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството, во рамки на Договорот постигнат меѓу Турција и Русија во Сочи на 22 октомври 2019 година, во тек се заедничките патроли на двете земји.

„И покрај провокациите на провокаторите, петтата турско-руска копнена патрола во подрачјето на Ајн ал Араб продолжува да се спроведува, покажувајќи потребна внимателност за безбедноста на нашиот персонал и населението“, се наведува во ова соопштение.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.