Турција

Турските сили ѝ зададоа големи загуби на базата на терористичката ПКК во северен Ирак

Планинските регии на Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, подрачје кое важи за лулка на терористичкото движење ПКК

Muhammed Boztepe   | 11.09.2019
Турските сили ѝ зададоа големи загуби на базата на терористичката ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Со заедничка операција на Турската разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК) уништен е објект за обука на терористичката организација ПКК на планината Кандил во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименуван извор за АА истакна дека операцијата била изведена неодамна и дека терористите на ПКК претрпеле големи загуби.

Меѓу неутрализираните терористи во срушениот објект била и една од најбараните терористки во Турција, Ѓулузар Турал, која го користеше кодното име „Пелшин Толхилдан“ и беше на црвената потерница во Турција.

Турал во терористичката организација ПКК се приклучила во 1993 година и беше дел од таканаречениот Извршен совет на организацијата.

Паралелно со тоа, во срушениот објект неутрализирана е и терористката Салиха Кајтар, која го користеше кодното име „Д-р Жијан Гарзан“ и беше членка на Извршниот одбор на женскиот огранок на ПКК (КЏК).

И Кајтар им се приклучи на терористите во 1993 година, откако дипломира на Медицинскиот факултет во Диџле. Од 2006 годија три години дејствуваше во Русија, а на планината Кандил е од 2011 година и работи како хирург во болница.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Планинските регии на Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за лулка на терористичкото движење ПКК.

Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, во северна Сирија и северен Ирак.

Воените операции во пограничните подрачја се базираат на правата на Турција засновани на меѓународното право за самоодбрана и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), кои се однесуваат на борбата против тероризмот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın