Турција

Турските сили приведоа 29 припадници на ФЕТО

Како дел од истрагата покрената од судот во Истанбул, полициските тимови спроведоа истовремени рации на 33 различни локации и приведоа 29 од вкупно 34 припадници на терористичката организација

Halil Demir,Mustafa Hatipoğlu   | 21.04.2021
Турските сили приведоа 29 припадници на ФЕТО

ИСТАНБУЛ (АА) - Турските сили приведоа 29 осомничени лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како дел од истрагата покрената од судот во Истанбул, полициските тимови спроведоа истовремени рации на 33 различни локации и приведоа 29 од вкупно 34 припадници на терористичката организација, изјави извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.

Операциите за приведување на останатите осомничени се во тек.

За време на операциите запленети се документи и дигитален материјал на организацијата.

„Откриено е дека домовите каде што се фатени осомничените биле користени како ќелии на ФЕТО“, додава изворот.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın