Турција

Турските сили открија тунел ископан на границата со Сирија

„Благодарение на будноста на граничарите во [јужната] областа Хатај, откриен е тунел ископан од Сирија кон Турција“

Sena Güler   | 01.05.2021
Турските сили открија тунел ископан на границата со Сирија

АНКАРА (АА) - Турските погранични сили открија тунел ископан од Сирија кон Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Благодарение на будноста на нашите граничари херои во [јужната] областа Хатај, откриен е тунел ископан од Сирија кон Турција“, соопшти преку Твитер турското Министерство за национална одбрана.

Запленети се генератор, две хилти, количка, кабел од 300 метри, копач, лопата и батерија што се користеле при ископувањето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın