Турција

Турските сили неутрализираа 14 терористи на ЈПГ/ПКК во северозападна Сирија

- Турските безбедносни сили неутрализираа 14 терористи на ЈПГ/ПКК во северозападна Сирија, се соопштува од националното Министерство за одбрана

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı,Cansu Dikme   | 02.04.2020
Турските сили неутрализираа 14 терористи на ЈПГ/ПКК во северозападна Сирија

АНКАРА 

Турските безбедносни сили неутрализираа 14 терористи на ЈПГ/ПКК во северозападна Сирија, се соопштува од националното Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Четиринаесет терористи на ПКК/ЈПГ, за кои беше откриено дека подготвуваат напад во областа на операцијата „Штитот на Еуфрат“, беа неутрализирани во успешни операции од нашите херојски командоси“, се соопштува од Министерството на Твитер.

Се додава дека операциите ќе продолжат без прекин.

Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.