Турција

Турските сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија

Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор...

Gözde Bayar   | 21.01.2021
Турските сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција денес соопшти дека турските безбедносни сили неутрализирале тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, во близина на турската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Терористите кои се обидоа да го нападнат подрачјето на операцијата „Штитот на Еуфрат“ со отворање оган од Тел Рифат, беа неутрализирани од херојските командоси“, се соопштува на Твитер.

Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.