Турција

Турските и руските сили ја спроведоа 7. копнена патрола во североисточна Сирија

Оклопните возила на турската војска ја преминаа границата и се придружија на конвојот на руската војска кои понатаму продолжија во заедничка обиколка на сириското погранично подрачје

Muhammed Nuri Erdoğan   | 16.11.2019
Турските и руските сили ја спроведоа 7. копнена патрола во североисточна Сирија

ШАНЛИУРФА (АА) - Во согласност со претходно постигнатиот договор, турските и руските сили денеска ја изведоа седмата заедничка копнена патрола во североисточниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Оклопните возила на турската војска ја преминаа границата и се придружија на конвојот на руската војска кои понатаму продолжија во заедничка обиколка на сириското погранично подрачје источно од реката Еуфрат.

Турските и руските сили денеска ќе патролираат на подрачјето на Камишли - Дерик.

Патролниот конвој го следеа и беспилотни летала.

Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, источно од реката Еуфрат, со цел обезбедување на турската граница и формирање безбедносна зона за доброволно враќање на сириските бегалци во тоа подрачје.

Турција и Русија на 22 октомври во Сочи постигнаа договор за привремено прекинување на турската операција со цел повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од пограничниот појас на Сирија. Договорено е турските и руските сили заеднички да патролираат во тоа подрачје, а првата ваква копнена патрола беше реализирана на 1 ноември на подрачјето помеѓу Рас ал Ајн и Камишли.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın