Турција

Турските вооружени сили уништија терористички цели во северниот дел на Ирак

- Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, во чии рамки се погодени цели на терористичката организација ПКК

Barış Gündoğan   | 16.04.2019
Турските вооружени сили уништија терористички цели во северниот дел на Ирак

АНКАРА

Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, во чии рамки се погодени цели на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, објавено на Твитер, турските сили извршиле воздушна операција во подрачјето Метина, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.

Во рамки на операцијата уништени се целите на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın