Турција

Турскиот претседател Ердоган ја прими вакцината против Ковид-19

„И јас ја примив вакцината“, стои во пораката која Ердоган ја објави на профилот на социјалната мрежа Телеграм.

Burak Bir   | 14.01.2021
Турскиот претседател Ердоган ја прими вакцината против Ковид-19

АНКАРА

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја прими вакцината против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Дозата од кинеската вакцина „CoronaVac“, Ердоган ја прими во Градската болница во Анкара.

„И јас ја примив вакцината“, стои во пораката која Ердоган ја објави на профилот на социјалната мрежа Телеграм.

Денеска започна вакцинацијата на здравствените работници низ Турција.

Турскиот претседател по вакцинацијата во болницата рече дека во рамките на успешната програма на вакцинацијата досега се вакцинирани околу 300.000 здравствени работници.

Најави и дека ќе стигнат уште 25 - 30 милиони дози вакцини против Ковид-19 и дека сакаат да продолжат со вакцинацијата.

Ердоган изрази верување дека програмата ќе биде успешна доколку сите, вклучувајќи ги и политичките лидери и парламентарните пратеници, ја поддржат вакцинацијата.

На здравствените работници Едоган им се заблагодари за напорите кои ги вложуваат во борбата против Ковид-19 и додаде дека нивните напори нема да поминат незабележано.

Во соопштението на социјалната мрежа Твитер напиша дека целта е во многу краток рок да се вакцинираат сите граѓани.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, стана првото лице кое ја прими вакцината „CoronaVac“. По министерот, се вакцинираа и членовите на Научниот одбор за борба против Ковид-19.

Според податоците на Министерството за здравство, Турција има 1,1 милион здравствени работници кои би требало да се вакцинираат во рок од еден месец.

Две дози треба да бидат дадени во растојание од 28 дена. Оние кои имаа Ковид-19 нема да бидат вакцинирани четири до шест месеци по нивното оздравување.

Претходно, во средата, официјалното турско тело за лекови и медицинска опрема ја одобри вакцината „CoronaVac“ за итна употреба против новиот тип коронавирус.

Првата испорака на вакцината против Ковид-19 од три милиони дози, на кинеската компанија „СиноВак Биотех“ (SinoVac Biotech) во Турција стигна на 30 декември.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın